недеља, 14. март 2010.

Колач со тиква

Се ренда средна тиква (да има една длабока чинија) која се
пропржува со 2 лажици зејтин и се остава да се лади .

Се матат 2 јајца и се додава мешајќи со миксер по наведениот редослед:
1/2 шоља шекер,1 лажица мед,
1/4 шоља масло и 1/3 шоља млеко.
Се исклучува миксерот па се додава мешајќи со лажица:
1,5 шоља брашно (Може пола мелени бисквити пола брашно),помешано со :
1 лажичка пециво,1 лажичка сода бикарбона,
1 лажичка цимет,1/2 лажичка мешан зачин
(може морско оревче,каранфилче,ванила и др),
1/4 лажичка сол,тиквата , 1/2 шоља мелени ореви и
2 лажици сецкани ореви.
Се пече во тепсија бр 28 ,на 200 ,околу 25 мин.

среда, 10. март 2010.

Бомбици Чоколадни топчиња

Сее загрева 200 мл млеко и се додава 5 лажици шекер,150 гр путер,
100 гр црно чоколадо,100 гр бело чоколадо,5 лажички чоколадо
во прав и се меша да се стопат чоколадите и путерот.

Се додава 200 гр еурокрем и откако ќе се соедини се додава

400 гр мелени бисквити,100 гр мелени ореви,
100 гр кокос,100 гр сецкана чоколада .
Се меша и кога ќе се олади се прават топчиња
кои се валкаат во мелени ореви или кокос.

уторак, 9. март 2010.

Колач посен

700 гр. брашно се меша со 200 гр. омекнат маргарин ( или 1 кг, брашно со 250 гр. маргарин) и се додава 1 квасец стасан со 1 лажица шекер, 1 лажица брашно и 200 мл. вода. Се меси тестото и стасува. Се дели на 5 дела-топки и стои 2 часа.
I фил: Во малку вода се вари 250 гр. мелен афион, 150 гр. шекер и 1 рендана кора од лимон.
II фил: Во малку вода се варат 300 гр. мелени ореви со 100 гр. шекер, 50-100 гр. суво грозје и 2 лажици мед.
III фил: 1 кг. јаболка се лупат, рендаат и динстаат со 1 лажица цимет.
IV фил: мармалад од сливи, кајсии, вишни и шипка.
Во подмачкан плех се реди: кора од тесто, четвртиот фил (мармалад), кора па трет фил (јаболка) кора втор фил (ореви), кора прв фил (афион) и на крај кора. Се пече 45 мин. на температура од 180 степени и се сече откако убаво ќе се излади. Откако ќе се испече може да се стави глазура од чоколадо, прав шекер или друго.

Крофни-новогодишни

Се прави тесто од 3/4 кг брашно,
1/2 л млеко,
1/4 маргарин,
1 свеж , стасан квасец,
3 жолчки,кора од 1 лимон
100 гр шекер,
малку сол
1 лажица рум.
Се остава да нарасне тестото,
се прави подебела кора и со чаша се вадат крофни
кои се пржат во врел зејтин.

ТОРТА ЧОКОЛАДНА

Се зоврива 2 дл. вода. Се додава 200 гр. шекер и се меша да се растопи.
Се додава 100 гр. какао и 100 гр. чоколадо за готвење. Се меша и се трга од оган.

Осум белки се матат со осум лажици шекер со миксер.
Откако добро ќе се измати, се додаваат мешајќи со лажица
4 лажици презла, 7 лажици мелени ореви, 1 пециво и 4 лажици од
приготвениот фил со какао и се става да се пече на 170 околу 25 мин.

Осумте жолчки се матат со 100 гр. шекер на пареа и се остава да се лади .
1 путер се мати со 100 гр. шекер во прав и се додава во матените жолчки.
Оваа смеса се додава кај филот со какао и се меша.
Пандишпанот се сече на три ленти и се филува.
За полесна подготовка може да се стават жолчките кај белките откако
тие ќе бидат убаво изматени со шекерот,а путерот во чоколадниот фил додека е топол да се растопи.
Ако е редок филот стави уште мелени ореви или кокос или мелени бисквити.

Торта со ореви и чоколада

8 јајца , 8 лажици шекер, 3 лажици брашно со 1/2 пециво
8 лажици мелени ореви,2 лажици млака вода

Се прави пандишпан кој се пече на 200 ,15 мин во
тепсија во која има ставено хартија за печење.

Во 50 мл млеко се додаваат 8 лажици шекер и се меша на оган .
Кога ќе се загрее се додава 250 гр чоколада искршена на парчиња
и се меша додека се растопи.

Во друго тенџере ставаме 200 мл млеко да зоврие ,
додаваме 300 гр мелени ореви мешаме и оставаме да се лади.

Пандишпанот го сечеме на три ленти кои ги мачкаме со растопената чоколада

250 гр путер се мати со 200 гр шекер во прав и се додава кај оревите и се меша.

На чинија ја ставаме едната лента и ја мачкаме со филот од ореви.
Врз неа ја ставаме другата лента ,па третата и тие премачкани со филот.
Од горе украсуваме со 300 мл слатка павлака.