петак, 6. август 2010.

Лења пита

1 кг јаболка се ренда и убаво се пржи со 2 мали шољи зејтин
и 4 лажици мелени ореви.

250 гр маст или маргарин или путер се мати со миксер со 250 гр шекер.

Се додава :
3 жолчки,
3 кафени шољи млеко,
4 ванили ,кора од лимон,
1 пециво,1/2 кг брашно.
Се меси и дели на два дела:
Се става во тепсија првиот дел па филот па вториот дел.
Се пече
Се матат 3 белки и 9 лажици шекер и се додаваат сецкани ореви.
Се премачкува и пече уште 5 минути.

Торта Чоколадна

I тип
Црн фил:

10 гр какао, 200мл вода,200 гр шекер зоврива и се додава100 гр чоколадо и 1 лажица маргарин.

Тесто:
8 белки се матат со 100 гр шекер и се додава
 3 лажици презли или мелени бисквити,
3 лажици брашно и
 5-6 лажици од црниот фил.
Се пече на 200 степени на плех со хартија.

Жолт фил:
Се мати 250 гр маргарин и се додава на црниот фил.,
100-120 гр шекер во прав,8 жолчки (една по една) се матат на пареа додека не се згуснат и се ладат,а кога кога ќе се оладат се додаваат кај црниот фил.
Се меша целиот фил со миксер.
Тестото се дели на три дела и се филува.

 II тип:

10 јајца,
500 гр чоколадо,
1 маргарин,
250 гр шекер во прав,
4 лажици брашно или презла,
1/2 лажица пециво,
3 ванили.

Маргаринот се мати со прав шекер.

чоколадото се топи со 100 гр вода.

Се матат 10 жолчки со 250 гр шекер во прав на пареа.

чоколадата се става во матениот маргарин и се додаваат десетте жолчки.

Се дели на два дела.
Едниот се трга на страна а во другиот се додава 10 матени белки
4 лажици брашно и 1/2 лажичка пециво.

Се пече и сече на три ленти и се филува со тргнатиот фил.

Бомбици

200 гр суви сливи ,
50 гр шекер во прав,
сок од 1/2 помаранџа,
1 лажица рум,
130 гр ореви.

Милиброд

1 кг брашно,
2 јајца,(1 жолчка се остава за мачкање на ролатите)
1  чаша млеко,
1 филџан   зејтин,
1 помала чаша шекер,
1 надојден квасец ,
 (ставен во млако млеко,1 лажица брашно и 1 лажица шекер)
70 гр. омекнат  путер,
1 ванила и кора од лимон.

1/2 тегла мармелад и суво грозје за мачкање на ролатите.

Се меси тесто и кога ќе се одделува од ванглата се удира 50 пати.
Стасува два пати и се прават 4 ролати кои  се мачкаат со мармелад и
се попрскуваат со суво грозје ,
се завиткуваат во ролати кои се премачкуваат со жолчка ,
се редат во подмачкан плех од шпорет и
 се печат околу 1/2 час , 25 мин, прво  на 200 степени а покасно ,кога ќе се зацрвенат на 180 .
Може врз мармеладот да се стават мелени или сецкани ореви .

Торта династија

Се мешаат 5 белки 5 лажици шекер,
150 гр сецкани ореви и 1/2 лажица брашно и се пече.
Се прават 2 кори.

Фил:
2 пудинга се варат во 1/2 л млеко со 6 лажици шекер се вари и лади.

2 путера се матат со 250 гр шекер во прав.

10 жолчки се матат на пареа.

Се соединува и се дели на 2 дела.

Во еден се става 200 гр чоколадо
во друг 200 гр мелени ореви.

Врз корите се става фил од ореви па фил од чоколадо ,
пак фил од ореви па фил од чоколадо.

Торта бајадера

Се матат 8 јајца со 8 лажици шекер и се додава :
4 неполни лажици брашно,2 големи лажици какао.
Се пече во плех од шпорет.

Се сече по ширина ,не по висина.

Фил:
300 гр мелени бисквити попарени со
150 мл млеко + 250 гр шекер на што
се додава 250 гр маргарин,2 лажици рум,
и 200 гр мелени ореви.

Глазура:
3 лажици шекер,
9 лажици млеко,
4 лажици зејтин и
200 гр чоколадо за готвење.

Бисквит бајадера

250 гр шекер и 250 мл вода врие 5 мин.
Се трга од оган и се додава 1 маргарин.
500 гр мелени бисквити,
200 гр кокос,
100 гр мелени ореви,
ванилин шекер.

Се замесува и дели на 2 дела.
На едниот дел се става топена чоколада или какао.

Се реди ред кафено ред бело.

Од горе чоколадна глазура.

Се сече и замрзнува.