понедељак, 3. октобар 2011.

Торта брза и убава

Се матат 10 белки со 10 лажици шекер.
Се исклучува миксерот и се додава
6 лажици брашно
1 чаша сецкани ореви
1 чаша сецкано суво грозје.

Се пече во голем плех обложен со хартија за печење на 180 степени.

Се сече на 3 или 4 ленти.

Фил:

10 жолчки се матат на пареа со 1 чаша ( за вино) шекер,
се додава 200 гр чоколадо и изматен маргарин и
се филуваат лентите редејќи ги една врз друга.

Торта со ореви

Пандишпан

8 јајца
8 лажици шекер
3 лажици брашно
8 лажици мелени ореви
2 лажици млака вода
1/2 кесица прашок за пециво

Фил (чоколаден прелив + фил со ореви)
Чоколаден прелив
8 лажици шекер
50 мл млеко
250 гр чоколада за готвење

Фил со ореви
300 гр мелени ореви
200 мл млеко
250 гр путер
200 гр шекер во прав


За украсување 300 мл слатка павлака

Припрема
Се прави пандишпан од наведените состојки
-се истура во плех обложен со хартија за печење
-се пече 15 мин на 200 степени.

Се спрема чоколаден прелив од
50 мл млеко,
8 лажици шекер
и 250 гр чоколадо
(со топење на оган и кога ќе се растопи го
тргаме од оган и го мешаме со лажица).

Се прави филот
Во 250 мл зовриено млеко се додаваат
300 гр мелени ореви и се лади.

Пандишпанот се сече на половина,па по височина, а потоа по широчина .

Сите 4 ленти се мачкаат со изладен чоколаден прелив.

За филот ,го матиме путерот со шекерот во прав и го мешаме со
изладените ореви со млеко.

Ја ставаме првата лента со чоколадниот прелив и ја
мачкаме со филот со ореви.

Врз неа ги редиме другите ленти мачкани на ист начин.

Матиме шлаг ( или хопла) и го ставаме во шприц со кој ја украсуваме тортата.