петак, 29. јун 2012.

Баклава ролована

1 кг кори за баклава,
500 гр мелени ореви,

2 маргарини (кристал ) се топат со
200 мл зејтин.

Се зема една кора,се премачкува убаво со маргарин,
се зема уште една кора и се премачкува цела.
Се ставаат мелени ореви и се витка со помош на широка игла за плетење.
Се прават така сите кори,се сече и се пече на 200 степени.

Шербет:

1 л вода,
1кг и 300гр шекер
1 пакетче цимет,3 ванили од портокал,
2 лажици мед.
Се посипува топол шербет и топла баклавата и се остава во топлата рерна да се излади.
Од горе се прска со мелен фстак.

Колачи шекер паре

1 маргарин
1 чаша(за вода)шекер во прав
4 лажици гриз
2 лажици мелени ореви
2 јајца
4 чаши(за вода) брашно
1 ванила
1 пециво
малку сол

Шербет:

3 чаши шекер
4 чаши вода
1 лимон

Се зема од тестото и се прават топчиња колку голем орев и се редат во обложена со хартија тепсија.Се притискаат со вилушка за да се сплескаат малку .Се печати кога ќе се оладат се преливаат со топол шербет.

II-верзија

250 гр маргарин
1/2 лажиче сода бикарбона
малку сол
6 чаши брашно
3 јајца + 1 жолчка

Шербет:
1 кг шекер
6 чаши вода
малку лимон
Се формираат топчиња и се редат во тепсија обложена со хартија за печење.
Може да се притиснат со вилушка за шара.