понедељак, 8. април 2013.

Колачи медено срце

2 чаши шекер,2 чаши млеко,4 лажици мармелад,1 мала лажица сода бикарбона,1 ванила 1 кесичка цимет.
Се меша со лажица и се става да отстои 1,5 час .
Потоа се додава 1 пециво и 3 чаши брашно.Убаво се измешува и се пече.Оладено се премачкува со тенок слој од мамелад и врз тоа се посипува 1 растопена чоколада и се лади.
Ако треба посно се става вода место млеко.

Колач со круши

2 јајца,
250 гр шекер,
100 мл зејтин,
200 мл млеко,
360 гр остро брашно,
1 пециво,
1 ванила,
4 круши 1-1,5 см (од горе се редат),
Се пече и се посипува со шекер во прав помешан со цимет.

Колачи посни корпици со суви сливи


Прво во корпиците се става  топено чоколадо со маргарин, а потоа сецкани суви сливи помешани со суво грозје (измиено и потопено во рум) и ореви  ,а од горе пак од топеното чоколадо.Од горе стави рибизли од пунч.

Може да се ставаат во корпици сецкани сливи ,суво грозје (измиено и потопено во рум).Се потураат со топена чоколада со маргарин и од горе може да се стават рибизли од пунч.

Визитарки мрсни

1/2 кг брашно( и нешто повеќе),
1 филџан гриз,
3 филџани сецкани ореви,
1 филџан масло,
3 филџани млеко,
1 јајце,
150 гр путер,
1/2 квасец (стасан - стои во пола чаша млако млеко со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно),
150 гр шекер,
2 лажици какао,
Се прави меко тесто и се дели на два дела.
Во едната половина тесто се става какаото.
Расучиго кафеното и белото тесто и направи исти правоаголни кори.
Врз белото тесто стави го кафеното тесто и притисни со сукалото.
Виткај ролати од едната и другата страна до средина на дуплата кора и пресечи по должина.
Потоа сечи колачи од ролатите и реди ги на подмачкана тепсија од страна на сеченото.
Може врз дуплата кора да се попрска кокос, да се премачка мармалад и расфрлаат сецкани ореви.
Се пече 20 до 30 мин. на 180 степени.

Баклава со вишни

Потребно е :

Едно пакување кори за баклава
250 гр мелени ореви
смрзнати вишни
гриз
зејтин

За шербет:
 2 чаши шекер
1,5 чаша вода

Се редат една врз друга 5 кори при што секоја се  попрскува со 1 /2 лажица зејтин .Се попрскуваат со 1/3 од мелените ореви.
Се редат уште 5 кори попрскувани со зејтин.
Се редат вишните помешани со гриз .Потоа се редат кори попрскувани со зејтин па ореви додека не се потрошат и на крај 3 кори попрскани само со зејтин.
Се пече 40 мин на 150 степени
Кога ќе се излади се попарува со врел шербет.