четвртак, 13. март 2014.

Еклери

5 шољи вода и 2 шољи зејтин врие 5 мин и се трга.На тоа се додава 150 гр брашно и се меша да се изедначи.
Кога ќе се олади се додаваат 4 јајца и се меша да се изедначи.
Со лажица се ставаат на подмачкан плех со зејтин на 200 степени па се намалува да се допече.
Фил:
Од 2 кг млеко се одзема 1/2 кг за кремот.
Во 1/2 литар млеко се додава 15 лажици густин,5 лажици брашно, 2 јајца,40 лажици шекер и 2 ванили и се меша.
Ова се додава во млеко што врие со постојано мешање со миксер.
Се филуваат еклерите,а од горе се потураат со топена чоколада.
(Ладни еклери се полнат со топол крем)

Колач со сушено овошје

5 јајца,
150 гр шекер,
1 филџан(од кафе) зејтин,
200 гр брашно,
150 гр урми,
150 гр смокви,
150 гр суво грозје
150 гр сецкани ореви
1 пециво,1 ванила.
(Смоквите и урмите ,посипи ги со брашно за да не се лепат)
Се меша и пече во подмачкан и со брашно посипан плех бр 32,на 200 степени.

Полумесеци од ореви

4 јајца,
5 шољи (за кафе) шекер,
6 шољи (за кафе) брашно,
3  шољи (за кафе) зејтин,
3 шољи (за кафе) минерална вода,
3 шољи (за кафе) мелени ореви,( може 1 ореви и 2 рогач)
1 прашок за пециво,
1 ванилин шекер,
шекер во прав.
Се матат јајцата со шекерот.Полека мешајќи се додава зејтинот,а потоа сите останати состојки и добро се меша.
Плехот се мачка со зејтин и се посипува со брашно и се истура тестото.
Се пече 20 мин во плех од шпорет на 180 степени.
Се посипува со шекер во прав и кога ќе се олади се сече во облик на полумесеци.


Сусамки

250 гр омекнат маргарин (или путер),
1 јајце и 2 жолчки,
1 кг брашно со 1 пециво,
15 лажици шекер,
13 лажици млеко,
13 лажици зејтин, 
Се замесува ,се сучи подебела кора и се вадат колачи со чашка или со модли
Се мачкаат со изматена белка,се ставаат на сусам (да се залепи сусамот на белката) и се редат во подмачкана тепсија да се печат или уште подобро на хартија за печење.
Се печат 20 мин на 180 степени. 

ЦРНА ТОРТА

1 маргарин (или путер),
2 шољи (од млеко) шекер,
8 лажици вода,
5 мали лажички какао,
2 лажици рум,
100 гр шоколадо,
Ова се топи да се добие хомогена смеса и се остава да се олади.
Од оваа смеса се остава една чаша за глазура.
Белките се матат со малку шекер (една рака).
Се додаваат една по една жолчките и оладената  претходно приготвена смеса.
На ова се додава 2 чаши брашно помешано со 1 пециво и се пече на 200 степени околу 25 мин.
Кога ќе се олади се прелива со глазурата.

КАДАИФ

Потребно е:
150 гр ореви,
100 мл зејтин,
суво грозје,ванила ,цимет .

Во подмачкана тепсија се реди ред кадаиф кој се попрскува со зејтин,цимет,ореви и суво грозје.Така неколку слоеви.
Најгоре не се става ореви и суво грозје за да не загорат.
Се пече подолго од саат на 100 степени.
Кога ќе се олади кадаифот се потура со млак шербет.

Шербет:
1кг и 200гр шекер со 1 литар вода малку зоврива и се трга од оган.
Се додава цеден лимон и ванила.
Се попарува ладен кадаиф со млак шербет.

ТОРТА КРЕМАСТА

Потребно е:

8 јајца
16 лажици шекер
2 пакетчиња ванилин шекер
13 лажици брашно (5+8)
1 чаша сецкани ореви
1 чаша суво грозје
 1/2 чаша сецкани суви смокви
1 литар млеко
100 гр путер

8 белки се матат со 8 лажици шекер и 1 ванила во цврст снег.
Се исклучува миксерот и со постепено мешање се додаваат 5
лажици брашно оревите сувото грозје и смоквите.
Плех од шпорет се премачкува со зејтин и попрскува со брашно.
Тука се истура смесата и се пече 15 мин на 180 степени.
Се сече на три ленти кои се филуваат и се редат една врз друга.
Фил:
8 лажици шекер,1 ванила,8 лажици брашно и 200 мл млеко се мешаат со миксер и се додаваат во 800 мл млеко кое врие ,и при тоа постојано се меша со миксер.Тука се додава и путерот исецкан на парчиња и се меша.
Со ова се филуваат лентите кои треба да се оладени.