четвртак, 24. децембар 2015.

Куглов

3 јајца (посебно белки,посебно жолчки),3 лажици шекер,
1 шоља (од кафе)масло,1 шоља (од кафе) млеко,
10 лажици брашно со 1 пециво и 1/2 ванила (1/2 ванила во прав шекерот),ореви,суво грозје,смокви,боровинки.
Околу 1/2 тесто се истура во подмачкан и набрашнет калап,а во другата половина се додава 1 лажица какао и се истура во калапот.Се пече на 190-200 степени 30 мин.
Се превртува на чинија и се посипува со шекер во прав .

Колачи медени

3 јајца,3 шољи (од кафе) шекер се матат и се додава
3 шољи масло,3 лажици мед,1 лажица сода бикарбона,
1 прашок за пециво,1 ванила,брашно по потреба (околу 750 гр),
1 лажица маргарин.
Се прави потврдо тесто,се расукува кора и се вадат форми.
Се печат на 180,во плех обложен со хартија за печење,15 минути и се лепат со џем.
Се потопуваат во смеса од 25 лажици вода,6 лажици шекер,4 лажици какао и 1 лажица маргарин.
Може пола од секое колаче да се потопи во смесата и да се валка во кокосово брашно или мелени ореви.

КОЛАЧ СО МАК

3 чаши брашно,
1 чаша масло,
1 прашок за пециво,
2 чаши шекер,
2 чаши млеко,
1 пакетче мак (100gr).
Состојките се мешаат заедно околу 5 мин и
 се пече во подмачкан со масло и наросен со брашно плех бр 30 .
Откако ќе се испече се исклучува рерната и
 на колачот се размачкува мармалад од шипки или кајсии.
Се враќа во рерната ,без да се вклучува, околу 5 - 10 мин.
Откако ќе се олади од горе се става растопено чоколадо (со малку маргарин).
(Може да се додаде малку млеко и малку шекер во чоколадото).