четвртак, 16. фебруар 2012.

Колачи грчки

3 јајца
3 филџани(од кафе) шекер,
3 лажици мед,
3 лажици масло,
1 лажиче сода бикарбона,1 пециво,1 ванила и
брашно по потрба за да се направи средно тесто.
Може да се додадат и ореви во тестото.

Се зема парче од тестото и се формира лента со дебелина на прст,
на побрашнета плоча, се сечат парчиња колку прст,
се притискаат на едната страна со вилушка и се редат во
намастена тепсија.
Се печат во загреана рерна на 180 степени ( да заруменат малку).
Се лепат со мармелад по две колачиња.
Тие се потопуваат во чоколаден фил кој може да се направи и од 20 лажици вода,4 лажици какао,6 лажици шекер и 1 лажица маргарин.