петак, 15. јануар 2021.

Крем за торта

1/2 l млеко се става да зоврие.

4 жолчки се матат со 4 лажици шекер,4 лажици нишесте ( место нишесте може брашно) и малку ладно млеко.

Ова се додава во врелото млеко и се меша да се згусне,а пред крај се додаваат 2 лажици путер и 2 штангли чоколада и се меша да се изедначи.

Ако сакаме жолт крем не додаваме чоколада.

Баклава од Ирена

500 гр кори,

Материјал:

200 гр мелени ореви ,

100 гр  мелени лешници,

100 гр мелени бадеми,

4 лажици шекер,

 4 лажици гриз,

2 ванили,

125 гр путер,

125 ml зејтин,

сок и кора од 1/2 портокал,

Материјалот се меша. 

Путерот се топи со зејтинот.

Се прскаат по две кори и се става од филот ,а потоа се виткаат ролати.Се сече и се пече.Ако остане од путерот од  горе се потураат корите.

Се потура со топол шербет ладната баклава.

Шербет:

250 мл вода,400 гр шекер,1/2 сок и кора од портокал,1 ванила и 2 лажици мед.Шекерот зоврива со вода.



четвртак, 7. јануар 2021.

Чоколаден колач

540 мл јогурт,

300 гр брашно,

 300 гр шекер,

120 мл зејтин,

1 полна лажица какао

2 лажички сода бикарбона,

Се пече во подмачкан плех 20 минути на 200 степени.

Прелив:

150 гр путер или маргарин,

150-200 гр чоколадо,

120 гр шекер,

120 мл млеко .

Се топат состојките и се прелива колачот кога ќе се излади.

 

 

Колач со тиквица

 1шоља јогурт,

1/3 шоља зејтин,

1,5 шољи шекер,

1 ванила,

2 јајца,

2 шољи брашно,

1/2 шоља какао,

1/2 лажиче прашок за пециво,

1 лажиче сода бикарбона,

1/2 лажиче цимет.

Се матат јајцата, шекерот, јогуртот, зејтиноти ванилата.

Потоа се мешаат брашното,какаото,пецивото, содата бикарбона и циметот.

 Се додаваат на претходното и се мати (може и со миксер).

Се додаваат и 2 шољи рендани тиквици.

Се сипува во тавче (22x33) и се посипува со 100 гр сечкана чоколада.

Се пече 35 до 40 минути на 175 степени.

( Чепкалката со влажни ронки).

Пиварки

  6 филџани (од кафе) зејтин

3 филџани -/- пиво
1 пециво,2 ванили , кора од лимон и
брашно колку да се замеси помеко тесто.

Се расплескува малку од тестото на рака
се става оревче (или суво грозје,или рендано и упржено јаболко).
Се стегнува раката да стане топче и се реди во тепсија за печење
(од долу да биде страната што е лепена).
Се печат и се валкаат  во прав шекер.
Може место во прав шекер, да се валкаат во шербет ,а потоа во кокос.
 
Втора верзија:
 
4 шољи (од кафе -помали) бело вино ,
8 шољи зејтин,
2 пецива,
2 ванили,
1 кг брашно.
Се замесува тесто се сучи,се сече на квадрати ,на секој квадрат се става малку џем и јатка орев и се завиткува кифла,а место кифли може да се завртат краевите нагоре и да се притиснат и така да се стават во тепсија на хартија за печење.
Се печат на 160 степени околу 20 мин.