четвртак, 27. септембар 2018.

Лења пита со јаболка

1/2 кг брашно (а може и повеќе за да биде тестото средно),
1 прашок за пециво,
1 целo јајцe,
2 жолчки,(белките се ставаат кај јаболката)
300 гр шекер ( може и помалку,а убава е и без шекер),
1 маргарин (или путер) изрендан или изматен,

Ова добро се измесува и се дели на два дела.
Првиот дел се расукува во тепсија бр 28 и се попрскува со гриз , а во вториот се додава 1 лажица какао и се измесува а потоа се става во мразарник да се стегне.
Се рендаат лупени јаболка (а може да се иситнат со сецко,а убава е и со нелупени ако не се прскани)
 и им се додава цимет, шекер и сецкани ореви.
Се ставаат врз првиот дел.
Од горе се ренда тестото со какао.
Се пече на 190 степени 25 мин.
На 180 се пече 40 мин.

петак, 15. јун 2018.

Чиз кејк

Материјал:
125 гр путер (или маргарин),
2 дл млеко,
300 гр мелени бисквити,
400 гр кисела павлака,
200 гр шекер,
250 гр крем сирење,
300 гр овошје по избор (јагоди или вишни или малини или цреши или кајсии или сливи или друго) и
1 кесичка желатин.
Припрема:
Се загрева млекото со 100 гр шекер,се додава маргаринот или путерот да се стопи  во млекото и  се додаваат бисквитите ,а потоа  смесата се става во калап за чиз кејк и се израмнува.Калапот може да е обложен со поголемо парче алуминиумска фолија за да може полесно да се извади.
За фил:
Павлаката се мати со 100 гр шекер,се додава крем сирењето,се соединува со матење и се става врз кората со бисквити.
Во тенџере се става 300 гр овошје по избор,100 гр шекер и 1 лажица вода.Се става на оган ,се поклопува и се остава да се растопи шекерот.
Во меѓувреме се припрема желатинот според упатството на кесичката ,се додава во тенџерето и се меша.Кога смесата од тенџерето ќе се растопи се сипува преку филот.
Се става чиз кејкот во фрижидер 2 часа а потоа може да се послужи.

среда, 11. април 2018.

Колачиња убави

60 гр хељдино брашно,
90 гр путер,
100 гр шекер,
100 гр брашно,
1 јајце,
120 гр исечено чоколадо на парчиња (може во сецко),
1/2 чаша (од млеко) сецкани ореви,
1 мало лажиче пециво.

Се замесува тесто и се прават топчиња колку орев,се сплеснуваат малку и се редат во плех обложен со хартија за печење ,на растојание затоа што ќе пораснат.
Се пече 12 мин на 160 степени.
Меки се, но ќе се стврднат кога ќе се оладат.
Може со обично брашно да се прават.

четвртак, 1. март 2018.

Коцки со минерална вода

4 јајца,
5 шољи (за кафе) шекер,
6 шољи (за кафе) брашно,
3  шољи (за кафе) зејтин,
3 шољи (за кафе) минерална вода,
3 шољи (за кафе) мелени ореви,( може 1 ореви и 2 рогач)
1 прашок за пециво,
1 ванилин шекер,
шекер во прав.
Се матат јајцата со шекерот.Полека мешајќи се додава зејтинот,а потоа сите останати состојки и добро се меша.
Плехот се мачка со зејтин и се посипува со брашно и се истура тестото.
Се пече 20 мин во плех од шпорет на 170 -180 степени.
Фил:
  200 гр ореви мелени,
200гр шекер во прав и
 200 гр путер
Кога ќе се олади се сече на два дела ,се мачка едниот дел со фил и се залепува вториот дел.
Се сече на коцки.

уторак, 23. јануар 2018.

Колач Марија

5 јајца,
5 мали шољи шекер (околу 1 чаша)
3 мали шољи зејтин,
4 мали шољи млеко,
3 мали шољи мелени ореви,
6 мали шољи брашно со 1 пециво,
1 ванила.
Се пече на 200 степени во подмачкан со маргарин или на хартија за печење во плех од шпорет.
Кога ќе се дигне намали на 150 степени.
Кога ќе биде готово се лади додека се прави филот.
Фил:
3 мали шољи шекер зоврива со
3 мали шољи млеко.
Се додава 200 гр чоколадо и стои 5 мин .
Потоа се додава 150 гр маргарин ( или путер) и
 200 гр мелени ореви (или кокос).
Кората се боцка со вилушка и се става од горе филот.
Од горе се посипува со мелени ореви.

понедељак, 22. јануар 2018.

Торта грчка

7 белки се матат со
7 лажици шекер и се додава:
7 лажици мелени ореви,
7 лажици плазма кекс и
1 лажица брашно.
Се пече во плех (33х34) на хартија за печење на  200 степени.
Фил:
375мл млеко да зоврие и во него се става
110 гр шекер и
4,5 лажици густин разбиен во ладно млеко и се меша со миксер да се добие крем.
Во друг сад се мати 3/4 маргарин,
7 жолчки
11 лажици шекер и
3 ванили и тука се додава:
 кремот,
150 гр сецкани ореви,
150 гр сецкана плазма кекс,
150 гр рендана чоколада .
Кората се дели на три дела, кои се мачкаат со филот и се ставаат еден врз друг.