среда, 4. март 2020.

Тостерки благи

1 маргарин кристал (или путер),
800 гр брашно (подобро остро),
4 јајца,
1 шоља шекер,
1,5  пециво и1 ванила.
Се топи маргаринот,се додаваат јајцата и се меша.
Потоа се додава шекер помешан со ванила и брашно помешано со пециво.
Се меси добро,се прават топчиња и се редат на тепсија.
На загреан тостер се печат по 5 и се ставаат во сад со хартија и капак , а потоа во кеса ( може да стојат подолго време).

понедељак, 2. март 2020.

Алва чоколадна

1 шоља од кафе вода,
2 шољи зејтин,
3 шољи шекер,
1 ванилин шекер.
Во сад овие состојки да провријат.
Потоа се додаваат 6 шољи брашно помешано со 1 шоља од кафе какао,
со постојано мешање да се изедначи смесата и да се свари брашното ( на пониска температура).
На крај се додава 100 гр суво грозје и 100 гр сецкани ореви.
Откако ќе се хомогенизираат состојките се става во четвртасто тавче,се натапкува со шпакла за торта и се порамнува.
Се лади на собна температура и се сече по желба.

Колач Мими

2 јајца,
200 гр шекер,
200 мл млеко,
200 мл масло,
200 гр мелени ореви,
200 гр гриз,
200 гр брашно,
2 рендани јаболка,
1 прашок за пециво,
1 ванила,
малку рум,
50 гр џем од кајсии,
50 гр чоколадо,
50 гр ореви сецкани,
Се меша и пече 30-35 мин во бр 32 на хартија за печење на 190 степени.
Топло се премачкува со мармелад.

Чоколаден прелив:
3-4 лажици вода,
1 лажица зејтин,
100 гр чоколадо и 1 лажица какао и
1 лажица шекер.
Над преливот може сецкани ореви.