недеља, 10. јул 2022.

Урмашици

 

Материјал:

2 јајца,

100 гр шекер,

140 мл зејтин и

240 гр брашно (7 шољички).

Шербет:

300гр шекер,

500 мл вода и 

1 лимон.

Рендето од кај боцките намачкај го со зејтин.

Прави топчиња и плескај ги на ренде .

Може да ставиш внатре оревче, да ги завиткаш ,да ги превртиш и да ги ставиш на плех обложен со хартија , да се печат на 180 степени 20 минути.


недеља, 22. мај 2022.

УБАВИ КОЛАЧИЊА

250 гр путер,

3 јајца,

3 лажици шекер,

1 чаша  сецкани ореви,

150 гр сецкано чоколадо за готвење,

600 гр брашно,

1 лажица прашок за пециво и

прстофат сол.

Омекнат путер се мати со јајцата и се додаваат наведените состојки.

Се замесува тесто и се прават топчиња кои се сплеснуваат во рака и се редат во плех на хартија за печење ( но не мора на хартијаза печење).

Се печат 15 минути на 160 степени.

Има околу 50 колачиња.