петак, 21. фебруар 2020.

Торта домашна и падобранци.

8 јајца(посебно белки),
8 лажици шекер со 1 ванилин шекер,
6 лажици брашно и
6 лажици мелени ореви.
Се пече на хартија во голем плех 15 мин на 200 степени.
Се превртува во истиот плех и се вади веднаш хартијата.
Се сече на три ленти кои се премачкуваат со фил и
 се редат една врз друга.
Фил:
Се матат 5 жолчки ,8 лажици шекер,1 пудинг од чоколада и 50 мл млеко.
Матениот материјал се додава во 300 мл врело млеко и се меша да се згусне.
Додека е топло се додава 100 гр чоколада за готвење и 150-200 гр мелени ореви и се меша.
Кога ќе се олади се додава 100 гр изматен путер и се меша.

Од останатите белки може да се прават падобранци.

5 белки мати тврдо и додај 200 гр шекер и 250 гр мелени ореви ,мешајќи полека со миксер.
Потоа се додаваат 3 лажици брашно и се меша со лажица.
Со лажиче се вадат пуслици и се редат на хартија за печење.
Се пече на 120 степени ,35 мин и се вадат.
Се лепат со фил направен од 4 лажици шекер,2 лажици млеко,2-3 штангли чоколада и  3 лажички путер кои се мешаат на тивок оган да се згуснат како еурокрем.

Баклава грчка

Потребно е 1,5 кори за баклава,
1 кг млеко (малку намали),
8 лажици шекер,1 пакетче гриз,
1 лажица какао,
1 пакетче суво грозје,
1 ванилин шекер,
кора од 1 лимон и ореви толчени по потреба.
Ова се вари малку додека се згусне добро.

По 3-4  кори ( секоја попрскана со зејтин) се делат на 5 дела (ленти).
На крајот од секоја лента се става по 1 лажица од филот и се виткаат како триаголници.

Од горе пак се прскаат со зејтин ( вкупно се троши скоро 1 литар зејтин) .
Шербет:
2,5 кг шекер ,1,5 литар вода и сок од лимон.
(Во врела вода се додава шекерот и врие 10 мин и се потураат ладните баклави со пола од шербетот а другата половина од шербетот врие уште 10 мин да се подзгусне , се додава лимоновиот сок и се потураат баклавите).

Колач со мармелад

5 јајца (посебно белки) се матат со
2 чаши шекер,1 чаша зејтин,
1 чаша млеко,3 чаши брашно ,
1 пециво,1 ванила.

Половина од смесата се пече  на 200 степени ,во тепсија бр 32 обложена со хартија за печење или подмачкана со зејтин и попрскана со брашно,околу 15 мин додека почне да се зацрвенува ,а потоа се вади тепсијата и се мачка со мармелад а од горе се става и другата половина од матениот материјал и се допекува .