понедељак, 9. децембар 2019.

Крофни печени

Потребно е:
300 мл јогурт,
200 мл вода,
1 свеж квасец,
100 гр путер
150 гр шекер,
4 јајца,
1 кг брашно.
Квасецот се става во млака вода со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно и се чека да надојде.
Се меси тесто со наведените состојки и кога ќе нарасне тестото се сучи кора и се вадат крофни со чаша кои се редат во плех со хартија и се печат 15 -20 мин на 180 степени.
Додека се топли се премачкуваат со путер (да се растопи) и се валкаат во прав шекер.