4 белки се матат тврдо на миксер.
Полека се додава 210 гр шекер, 210 гр мелени ореви (мешајќи полека со миксер),
а потоа се додава 2 лажици брашно и се меша само со лажица.
Со лажиче се вадат пуслици и се ставаат на хартија.
(Хартијата може да се подмачка така што ќе се залепи на подмачкана тепсија и да се сврти).
Се пече на 120 степени 35 мин и се вади.
4 жолчки со 4 лажици шекер се меша со миксер засебно (добро е на пареа).
2 лажици млеко, 2 штангли чоколада, 2 лажичиња путер на тивок оган се мешаат додека не се згуснат како еурокрем.
Се лади и се додаваат жолчките.
Со тоа се лепат по 2 од пуслиците.
Место овој фил може да се употреби крем од жолчки опишан во соседниот рецепт.