недеља, 17. јануар 2010.

Лења пита

1 кг јаболка се рендаат и пржат со 2 мали шољички зејтин и се додава
4 лажици шекер и 5-6 лажици мелени ореви.

Се мати 250 гр свинска маст (маргарин или путер) со 250 гр шекер
Се додаваат 3 жолчки,3 кафени шољички млеко,3 ванили,кора од 1 лимон
1/2 кг брашно со 1 пециво.

Се прави тесто кое се дели на 2 дела .Првиот се расукува и става во тепсија ,
се премачкува со филот и се става другиот дел.
Се пече.
Се матат 3 белки со 3 лажици шекер и се става врз питата ,
а може и сецкани ореви и се пече уште 5 мин.

Ванилици свиткани посни

1 кг брашно,
3 мали филџани врела вода,
6 мали филџани зејтин,
1 мал филџан шекер,
1 пециво,2 ванили.

Се меси,се сучи кора ,се сечат кругови со чашка,
На секој круг се става мармелад.
Се свиткува на пола и пече во плех.
Готови се наросуваат со шекер во прав.

Ванилици со свинска маст

200 gr свинска маст,

150 гр путер,

1 филџан зејтин,

2 јајца и 2 жолчки,

3 ванили,

1 пециво,

ореви и лешници (сецкани ситно во сецко),

суво грозје сецкано,

4 лажици шекер

околу 1 кг брашно.

Се замесува потврдо тесто ,се сучи кора околу 0,5 см и со мала чашка се вадат колачи кои се ставаат во плех ( може на хартија) и се печат на 180 степени 15-20 минути.

Може да се лепат со мармелад кога ќе се оладат.

II начин:

1 кг брашно, 500 гр свинска маст, 8 лажици шекер,(може лимон) 2 јајца ,2лажици млеко, 2 жолчкишекер во прав,мармелад и три  3 ванили.

Маста шекерот и ванилите се матат да побели и да стане пенасто. 

Се додаваат јајцата, жолчките и млекото и се мати уште 5 до 6 мин да се соедини со маста. 

Се замесува тесто и на работна површина се развлекува прво со раце, а потоа со сукало се прави кора 1 см дебела. 

Се вадат кругови со чашка. 

Се печат 10 мин на 180 на плех со хартија, а потоа се лепат по 2 со мармелад, кои се валкаат во прав шекер.


субота, 16. јануар 2010.

Пита со тиква

1 кг брашно,
1/2 l млеко (од него малку се одзема за да стаса со квасец ),
15 лажици зејтин,
3 лажици шекер,
1 лажиче сол,
1 јајце

Се замесува тесто кое се удира 30- 40 пати.
Кисне околу 1/2 саат.
Се прават топчиња со дијаметар околу 5 см.
Се посипуваат со брашно и се расукуваат колку мала чинија.
Се премачкуваат со путер и се ставаат по три една врз друга .
Се ставаат на побрашнета даска или тепсија и се оставаат во фрижидер .
Се ренда тиква (1 од долгите тикви) и се додаваат 2 лажици цимет и 4 лажици шекер
Од малите кори што се во фрижидер се расукуваат поголеми правоаголни ,врз кои
се ставаат по 2-3 лажици од тиквата и се виткаат ролати кои се ставаат во подмачкан плех во кој ќе се печат на 200 околу 1/2 саат.