недеља, 17. јануар 2010.

Ванилици со свинска маст

200 gr свинска маст,

150 гр путер,

1 филџан зејтин,

2 јајца и 2 жолчки,

3 ванили,

1 пециво,

ореви и лешници (сецкани ситно во сецко),

суво грозје сецкано,

4 лажици шекер

околу 1 кг брашно.

Се замесува потврдо тесто ,се сучи кора околу 0,5 см и со мала чашка се вадат колачи кои се ставаат во плех ( може на хартија) и се печат на 180 степени 15-20 минути.

Може да се лепат со мармелад кога ќе се оладат.

II начин:

1 кг брашно, 500 гр свинска маст, 8 лажици шекер,(може лимон) 2 јајца ,2лажици млеко, 2 жолчкишекер во прав,мармелад и три  3 ванили.

Маста шекерот и ванилите се матат да побели и да стане пенасто. 

Се додаваат јајцата, жолчките и млекото и се мати уште 5 до 6 мин да се соедини со маста. 

Се замесува тесто и на работна површина се развлекува прво со раце, а потоа со сукало се прави кора 1 см дебела. 

Се вадат кругови со чашка. 

Се печат 10 мин на 180 на плех со хартија, а потоа се лепат по 2 со мармелад, кои се валкаат во прав шекер.


Нема коментара:

Постави коментар