понедељак, 19. март 2012.

Колач Израелски

Материјал
4 јајца
400 гр шекер
150 мл масло
150 мл млеко
1 пециво
3 чаши (200 гр) брашно
2 лажици мед
1 лажица цимет
1 лашиче морско оревче
100 гр суви смокви
60 гр суви урми
100 гр суво грозје

Урмите и смоквите се сецкаат и се попрскуваат
со брашно за да се не лепат
Се кршат јајцата ,се вадат жолчките внимателно и се ставаат во чаша.
Се матат белките да се добие бела пена ,а потоа се додава
шекерот и се мати да стане цврст снег,па се додаваат жолчките и се мати уште малку.
Се исклучува миксерот.
Се додаваат маслото млекото и се меша со лажица.
Се додава со сеење брашното помешано со пециво и се мати со лажица.
Се додава медот циметот,морско оревче и се меша со лажица.
Се додава и сецканото суво овошје и се меша со лажица.
Се става во тепсија бр 32 ,подмачкана со путер и се пече на 200 степени, 35 мин.

недеља, 11. март 2012.

Колач со цели јаболка

ПРИПРЕМА
Се сечат на пола јаболка ,
-се делат на пола и се длабат
( а може и цели да се излупат и издлабат)
-се редат во големо тенџере (од 5 кг) обложено со
хартија за печење и попрскано со шекер
-се полнат со ореви мелени или сецкани
-се прскаат со шекер (околу 200 гр вкупно)
-се печат да зацрвенат
-се вади тенџерето и се мачка со путер од страните
-Се потура со пандишпан направен од
5 јајца(посебно белки посебно жолчки) така што
прво се матат белките ,се додава 5 лажици шекер
и се мати да стане цврст шлаг.
Се исклучува миксерот и се додаваат 5 лажици брашно и се меша .
Се пече уште 15 мин и се превртува во чинија за торта.
Од горе се премачкува со матен шлаг или хопла.