понедељак, 28. децембар 2009.

Баклава-грклан

1кг кори за баклава
фил:
Се мешаат 500 гр ореви (пола толчени а пола мелени),
2 раце гриз,2 раце шекер,1 ванила
Кората се става на влажна салфета (натопена во вода ,исцедена и истресена)
Се завиткува и така се прават три кори кои стојат здиплени.
Се зема првата кора,се отвора,се прска со зејтин,
се става на 2/3 фил,се става тенко сукало и се витка во ролат
(во почетокот заедно со салфетката,додека почне) .
Тој се собира како грклан и се вади сукалото.
Се става во подмачкана тепсија за печење.
(треба да собере 2 реда во плехот)
Се сечат краевите за да се израмни.
Пред печење се премачкува со 1 растопен маргарин и
се попрскува со 1 чаша кисела вода.

Баклава грчка

1,5 кг кори за баклава
Фил:
1 л млеко (за посна стави вода )
8 лажици шекер,
1 пакетче гриз,
1 лажица какао,
100 гр суво грозје,
1 ванилин,
Кора од непрскан лимон и
толчени ореви 150 гр.
Свари 1l млеко (малку одземи од млекото),со шекер и
потоа мешајќи додавај гриз и вари да се згусне.
Потоа додај ги останатите состојки и измешај.
Потоа реди една врз друга 4 кори (секоја прскај ја со 1 лажица зејтин).
Со нож се делат на 5 ленти.
На крајот од секоја лента се става по 1 лажица од филот
Од секоја лента со виткање (лево,право па десно итн) се прават триаголници
кои се редат во подмашкана со зејтин тепсија каде ќе се пече.
Од горе пак се премачкуваат со зејтин
Се пече на 150 степени.
Кога ќе се олади се прелива со млак шербет направен од:
2,5 кг шекер додадени во 1,5 кг зовриена вода и врие 10 мин а потоа
кога се олади малку се додава сок од 1 лимон.

субота, 26. децембар 2009.

Колач со сушено овошје

Потребно е:
5 јајца ,150 гр шекер,1 филџан (од кафе) зејтин,200 гр брашно,
150 гр урми,150 гр смокви,150 гр суво грозје,150 гр ореви (сецкани)
1 пециво,1 ванила

Се матат јајцата ,се додава шекерот (мешан со ванила) и се мати да се растопи шекерот.
Се исклучува миксерот и се додава (мешајќи со лажица),брашното помешано со прашокот за пециво,сувото грозје,оревите и сецканите урми и смокви кои се валкани во брашно за да не се лепат.
Се става смесата во тепсија (подмачкана со зејтин и попрскана со брашно)и се пече на 180 околу 25 мин.
За полесно може 5 јајца да се матат со 3/4 чаша (за млеко) шекер,1 ванила
и да се додаде 1 чаша брашно со 1 пециво , 1 филџан (за кафе) зејтин,
а потоа ,по 1 чаша од овошјата и да се пече на 180 до 200 , 20 мин.

субота, 5. децембар 2009.

Ледени коцки

Се матат убаво 8 јајца,8 лажици шекер,
Се додава постепено мешајќи 8 лажици брашно
3 лажици какао,1 прашок за пециво.
Се пече во подмачкан плех.
Врз него се истура шербет од :250 гр шеќер со
300мл вода да зоврие
фил:1/2 л млеко да зоврие ,
а 1/2 л млеко ладно се меша со 13 лажици брашно
Мешајќи се додава смесата во зовриеното млеко и
се додаваат 3 пакетчиња ванила
Одделно се мати 1,5 гр маргарин со 250-300 гр шекер
Ова се додава на кремот кога ќе се олади
Глазура:200 гр чоколада се топи со 10 лажици зејтин на тивок оган

ИШЛЕРИ

8 јајца
7 филџани шеќер, 3 филџани зејтин
3 -/- млеко , 3 -/- брашно ,4 -/- мелени ореви
1 ванила,1 пециво
Се меша и пече во подмачкан плех.
Со чашка се вадат кругови
Врз нив се става фил од:
125 мл вода
200 гр шеќер
3 филџани мелени ореви
100 гр чоколада за готвење
2 лажици маргарин
(ова заедно зоврива)
Се додаваат ронките од тортата.
Врз филот може ореви,може вишни и сл.

КОРИ СО МАК И ОРЕВИ

500 гр. кори,

Фил за кори:

 200 гр. мелен мак,
150 гр. мелени ореви,
750 мл. млеко,
100 гр. шеќер,

Прелив за кори:

250мл-300мл млеко
200 мл зејтин,
100 мл кисела вода,
7 лажици брашно и
1 пециво.
Се става една кора,се премачува со  течноста (3 лажици).Врз неа се става  втора ,премачкана со течноста и трета кора исто премачкана со течноста. 
Се мачкаат со фил од мак варен со млеко ,ореви и шекер.
Се витка во ролат,се става во плех од рерна обложен со хартија за печење.
Така се редат сите ролати (има обично 6).Се посипуваат со остатокот од течноста, се сечат и се печат на 180 степени 25-30 мин.
Готовите ролатчиња се попрсекуваат со шеќер во прав.

Медени коцки

1/2 маргарин (може свинска маст)
3-4 лажици мед.
200 мл. млеко
200 гр. шеќер
Ова се топи на оган и се лади.
Се додава 450 гр. брашно со 1 лажичка сода бикарбона,
Се меси и дели на три топчиња.
Се расукува и се пече на три пати. (една кора 3-5 мин.)

Корите се мачкаат со крем од: 1/2 маргарин, 1/2 л. млеко, 4 лажици густин, 1 лажица брашно,1 рендан лимон и 1 ванила,1 пакетче цимет2.

Одозгора се прелева со чоколаден прелив или прелив направен од 4 лажици какао 4-5 л шеќер, 4-5 чаши вода и мала лажичка маргарин.


Мачмалов

6 жолчки со 200 гр шеќер се матат и се додава:
2 филџани зејтин(кафени),
3 -/- млеко
3,5 -/- брашно
2 л какао ,1 ванила и 1 пециво

Се пече околу 20 мин на 180
Се премачкува со мармелад

Се матат 6 белки и по 5 мин се додава 15 лажици шеќер
Се става врз тестото и се пече на 150 малку

Од горе глазура од 6 лажици млеко + 4 лажици зејтин
+ 3 лажици какао+3 лажици шекер (може+1 лажичка маргарин)

Торта -велигденска

1/2кг бисквити
мала конзерва ананас
150 гр сецкани ореви
150 гр суво грозје
250 гр маргарин(или путер)
250 гр шеќер во прав
2 готови шлага(или хопла)

Бисквитите се мелат,ананасот се сецка ,се мешаат и
се додава суво грозје,оревите и сокот од ананас.
Се обликува како јајце и од горе 2 шлага(матени) и
разнобојни бомбони или мрвици

Колач Брзи гонзалес

4 јајца
15 лажици шекер
1 филџан (од кафе) зејтин
1 -/- млеко
1 пециво,1 ванила
15 лажици брашно

Се пече во подмачкана тепсија
Кога ќе се олади се сече на коцки
се прелива со фил од :
1/2 маргарин,7 лажици шекер
3 лажици какао
Ова да зоврие и да се истури врз изладен пандишпан.
Од горе се прска со кокос

Колач посен со јаболка

6-7 големи лупени и рендани јаболка
2 чаши (за млеко) шекер
1 мало пакетче(20 гр) сода бикарбона
1 мало пакетче цимет
1 ванила
(Ова измешано стои 2 саати,но не мора)
Се додава:
2 чаши(од кафе) зејтин
2 чаши (од млеко) брашно со 1 прашок за пециво
Се пече и лади.
Се мачка со мармелад.
Од горе прелив од:
4 лажици зејтин,4 лажици шекер
4 лажици какао и 4 лажици вода.



Баклава (редена)

За голем плех треба:
1 кг кори за баклава
за фил се мешаат:500 гр ореви
5 лажици шекер
цимет,ванила
Корите се редат во подмачкан плех така што се попрскуваат со зејтин
и на секои 2-3 кори става од филот
Се пече и кога ќе се излади се прелива со млак шербет од
1кг шекер и 1 л вода

Кифлички посни (варени)

1,5 кг брашно
2 стасани квасци
(стојат малку во чаша со топла вода со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно)
200 гр зејтин ,
7 лажици шекер
2 лажици сол
700 мл вода
Се покрива со најлон да стаса убаво.
Се дели на 10 дела
Се сучи кора и се дели на 8 дела
Се витка кифла и се става во вода па во сусам.
Се редат во подмачкана тепсија
Меѓу нив се става маргарин .Стасуваат и се печат убаво(да зацрвенат малку)

Колачи посни - пиварки

6 филџани (од кафе) зејтин
3 филџани -/- пиво
1 пециво,2 ванили , кора од лимон и
брашно колку да се замеси помеко тесто.

Се расплескува малку од тестото на рака
се става оревче (или суво грозје,или рендано и упржено јаболко).
Се стегнува раката да стане топче и се реди во тепсија за печење
(од долу да биде страната што е лепена).
Се печат и се валкаат  во прав шекер.
Може место во прав шекер, да се валкаат во шербет ,а потоа во кокос.
 
Втора верзија:
 
4 шољи (од кафе -помали) бело вино ,
8 шољи зејтин,
2 пецива,
2 ванили,
1 кг брашно.
Се замесува тесто се сучи,се сече на квадрати ,на секој квадрат се става малку џем и јатка орев и се завиткува кифла,а место кифли може да се завртат краевите нагоре и да се притиснат и така да се стават во тепсија на хартија за печење.
Се печат на 160 степени околу 20 мин.

Колачи посни

1 кг брашно (може помалку)
1/2 квасец (да не кисне само да се размати)
1 пециво, 1 ванила
2 чаши зејтин
1 чаша вода (може бело вино)
3 лажици шекер
Се меси и сучи кора,се сече на квадрати,
се става мармалад и оревче,
се преклопува и реди во тепсија за печење
Испечени се валкаат во шекер.


понедељак, 23. новембар 2009.

Колач рифлин

1 шоља млеко (за посни вода) 1 пак квасец
4 лажици шекер 1 лажица брашно се остава да надојде.
Се мати 250 гр маргарин или путер со 3 жолчки ( за посни не),
3-5 лажици шекер и се додава 3/4 кг брашно со 1 пециво и 1 ванила.
Се меси тесто и се развиваат 3 кори кои се мачкаат со џем,посипуваат
со мелени ореви и шекер и се ставаат една врз друга.
(Треба околу 250 гр ореви)
Се лади и се премачкува со чоколадо (за посни со бел прелив).

субота, 21. новембар 2009.

Бомбици во корпици

200 гр ореви се потпекуваат малку
200 гр лешници се потпекуваат малку повеќе
Се мелат на покрупно (како сецкани)
200 гр чоколадо и 250 гр еурокрем се топат
(во тенџере ставено во друго тенџере во кое врие вода)
Се меша се заедно
Се става со лажиче од смесата во книшки(корпици)
На секоја може прелив од чоколада.

недеља, 1. новембар 2009.

БАКЛАВА Копенхаген

-1/2 кг. кори за баклава, 4 јајца. 200 гр. мелени ореви, 125 гр. путер, 250 гр. маргарин, 1 кг. шеќер, 1/2 прашак за пециво, 1 ванилин, 1 лимон.
-плехот се премачкува со зејтин и се редат корите (половина) прскајќи ја секоја кора со маргарин.
-ПРВ ФИЛ
-се растопува путерот на оган и се додава 100 гр. шеќер и 2 јајца со постојано мешање.
-се додава прашок за пециво, ванила, лимунов сок и 13 лажици брашно.
-кога тестото е добро изедначено се става на корите.
ВТОР ФИЛ
-2 цели јајца со 100 гр. шеќер се матат. Потоа се додаваат ореви. Ова се сипува преку првиот фил. Преку ова се редат останатите кори, при што секоја кора се прска со растопен маргарин и се води сметка да остане маргарин за горе.
-се сече и се попрскува со останатиот маргарин.
ШЕРБЕТ
-1 кг. шеќер зоврива со 750 мл. вода. Кога ќе се олади се прелива ладната баклава.

ПИТА СО ЈАБОЛКА И КОРИ

-600 гр. кори, 1/2 кг. лупени рендани јаболка, гриз, шеќер, цимет, зејтин.
-се рендаат јаболката се посипуваат со гриз, шеќер и цимет (фил).
-секоја кора се попрскува со пола лажица зејтин и се свиткува на три.
-на крај се ставаат по 2 лажици од филот.
-се витка во ролатче и се реди за печење. Се пече 45 мин. на 150 степени.

БОМБИЦИ СО ЈАБОЛКА

-2 кг. јаболка се рендаат и се варат со 200 мл. вода и 1/2 чаша шеќер. Се додава 500 гр. мелени бисквити, ореви, суво грозје, брусница,суви сливи и слично.
-се прават бомбици.

БОМБИЦИ СО КОКОС

-200 гр. шеќер се зоврива со 200 мл. вода и се додаваат 200 гр. мелени бисквити, 200 гр. кокосово брашно, 50 гр. маргарин.
-се прават топчиња со 1 лешник внатре. Се валкаат во кокос.

БОМБИЦИ СО ВИШНА

-100 гр. топено чоколадо, 100 гр. мелени ореви, 100 гр. мелени бисквити и 2 пакетчиња ванилин шекер.
-се прават бомбици и во секоја од нив се става вишна од слатко и се валкаат во мелени ореви.

БОМБИЦИ СО СЛАТКО ОД ДУЊИ

-се меша слаткото од дуњи со суво грозје, мелени ореви, , путер и се замесува. Се прават бомбици.


СУСАМКИ


250 гр омекнат маргарин (или путер),
13 лажици зејтин, 
1 јајце и 2 жолчки,
1 кг брашно со 1 пециво,
15 лажици шекер,
13 лажици млеко,
Се замесува ,се сучи подебела кора и се вадат колачи со чашка или со модли
Се мачкаат со изматени 2 белки,се ставаат на сусам (да се залепи сусамот на белката) и се редат во подмачкана тепсија да се печат или уште подобро на хартија за печење. 
Се печат 20 мин на 180 степени. 

Т О Р Т А А М Б А С А Д О Р

-5 јајца се матат со 5 лажици шеќер и се додаваат 7 лажици мелени ореви, малку прашок за пециво и 1 лажица брашно.
-се пече 25 мин. на 175 степени.
(Тестото се повторува 2 пати)

Ф И Л
- 250 гр. путер се мати со 250 гр. шеќер во прав.
-Се прави смеса од 3 лажици шеќер, 3 лажици густин, 3 пакетчиња ванила и малку ладно млеко и се додава во зовриено 1/2 литар млеко мешајќи да стене крем.
-кога ќе се олади кремот се меша со путерот и му се додава 1/2 кг. сецкани желе бонбони.
-се мачка со фил, во средина банани, фил, другата кора и над неа тенок слој од филот шлаг или хопла.

Е К Л Е Р И

-5 шољи вода и 2 шољи зејтин заедно да вријат 5 минути.
-се трга од оган и се додава 150 гр. брашно со 1 пециво да се изедначи
-откако ќе се олади се ставаат 4 јајца едно по едно и се меша додека не се изедначи
-се зема по една лажица од смесата и се става на подмачкан плех да се пече во
рерна загреана на 200 степени, а потоа се намалува на 150.

Ф И Л
-1/2 литар млеко зоврива а потоа се додава мешајќи смеса од 15 лажици густин, 5 лажици брашно, 40 лажици шеќер, 2 ванилина, 2 јајца и 1/2 литар ладно млеко. Се ова добро се меша.
-печените топчиња кои се оладени се сечат на пола и се полнат со топол крем.
-одозгора се става стопено со чоколадо.

К О Л А Ч С О Р Е Н Д А Н И Ј А Б О Л К А

-6-7 поголеми јаболка се рендаат.
-се додаваат 2 чаши шеќер, 1 пакетче цимет, 1 лажиче сода биракбона, 1 шоља зејтин.
Ова да стои 2 часа.
-потоа се додаваат 2 јајца (за посна не се додаваат), 2 чаши брашно со 1 пециво.
-се пече, се вади и се премачкува со мармалад и се прелива со чоколадо.

К О Л А Ч С О К О К О С

-5 јајца, 5 филџани од кафе (мали) шеќер.
-3 филџани (мали) зејтин
-4 филџани млеко
-3 филџани мелени ореви
-6 филџани брашно со едно пециво
-(смесата да е поретка)
-се пече на 2оо во плех од шпорет подмачкан со повеќе маргарин (не брашно)
-кога ќе се дигне тестото се намалува на 150 степени
-се лади додека се прави фил

Ф И Л
-3 филџанчиња млеко со 3 филџанчиња шеќер се меша на оган да се стопи.
-се додава 200 гр. чоколада и кога ќе се растопи се додава 150 гр. маргарин и 200 гр
кокос. Тоа се мати.
-печената кора се боцка со вилушка и се посипува филот.
-одозгора се ставаат толчени ореви

четвртак, 29. октобар 2009.

КАДАИФ

I начин;
Се реди кадаиф во подмачкана тепсија и се попрскува со зејтин,цимет,ореви и суво грозје.
пак ред кадаиф итн ( неколку слоја),но најгоре не се ставаат ореви и суво грозје за да не загорат.
Се пече подолго од 1 час на 100 степени.
Се потура со млак шербет откога ќе се олади кадаифот.
Шербет:
1 кг и 200 гр шекер со 1 л вода малку зоврива.

 II начин
500 гр кадаиф се реди во плех од рерна
Се става пола од кадаифот и се пече на 150°
да се зацрвени малку.

-Се достава и другата половина и се пече уште
околу 1 сат да се зацрвени на 150
°.
-Кога ќе се извади се ставаат ореви и суво грозје.
Може да се потури со малку зејтин или путер.
Кога ќе се олади се потура со млак шербет
добиен со зовривање на од 1 кг шекер со 1,2 кг вода.
Ореви и суво грозје може да се додадат и
кога ќе се олади кадаифот.


Пуслици

На 1 белка од јајце се додава
5 супени лажици шекер во прав,
1 лажиче(кафено)оцет бел
Се мати во цврст снег и
се вадат со лажица топченца
кои се стават на мрсна хартија и
се печатна 100°

среда, 28. октобар 2009.

ВАНИЛИЦИ

-1 маргарин
-1 путер
Ова се мати со миксер.
Се додава
-1 помал флџан зејтин
-1 јајце
-3 ванили
-1 пециво
-3-5 лажици шеќер
-бадеми, ореви, суво грозје и др. (сецкано)
Со рака или сукало се прават 1 см. дебели колачи кои се сечат со чаша или модли.

ТИКВАРКИ

-1 маргарин
-1 јајце
-1 чаша шеќер
Се матат и се додава 2 чаши пире од тиква.
-150 гр. сецкани ореви
-15о гр. сецкано суво грозје
-2 супени лажици мед
-600-700 гр. брашно помешано со 1 пакетче прашок за пециво и 1 лажица сода бикарбона .
-се редат топчиња во плех и се печат
-(може да се додаде и сува смоква, урма, кора од портокал и др.)

ПAДОБРАНЦИ

-4 белки се матат тврдо со миксер. 

Полека се додава 210 гр. шеќер

 210 гр. мелени ореви (мешајќи полека со миксер), 

а потоа се додава мешајќи само со лажица 2 лажици брашно.

 -Со мало лажиче се вадат пуслици и се ставаат на хартија (залепена на подмачkaна тепсија и свртена наопаку откај мачканото) ,или хартија за печење .

-Се пече на 120 степени 35 мин. и се вади .

 Ф И Л:

 -4 жолчки со 4 лажици шеќер се мешаат со миксер засебно,на пареа околу 15 мин т.е да се згуснат.

 -2 лажици млеко, 2 штангли чоколада, 2 лажичиња путер се мешаат на тивок оган додека се згусне како еурокрем .

-Се лади и се додаваат жолчките. 

-Се лепат по 2 од пуслиците.

Колач Три дена во плех

75 гр. путер се мати пенасто со 150 гр. шеќер во прав.
-Одделно се матат 6 белки на кои се додава 100 гр. шеќер во прав а потоа 100 гр. брашно и 150 гр. мелени ореви.
-Се додава путерот и шеќерот и се меша полека.
-Се става во плех 28-30 големина.
-Се пече на 120 степени. И кога е полупечено (не повеќе од 15 мин.) се полива со 6 жолчки со 5 лажици шеќер во прав.
-Се допечува и суши на 100 степени (1,5 час).
-кога ќе се олади се мачка со фил.
Ф И Л
-150 гр. ореви попарени со еден филџан млеко
-150 гр. шеќер
-5о гр. путер

Сето ова се истура на жолчката и потоа се посипува со мелени ореви.

Торта бајадера

Се матат 8 јајца со 8 лажици шекер и се додава 4 неполни лажици брашнои 2 лажици какао(со сеење и постепено мешање)
Се пече во подмачкан и попрскан со брашно плех од шпорет.
Се дели на три дела (по ширина не по висина)
Фил
300 гр мелени бисквити попарени со 150 гр млеко со 250 гр шекер и 250 гр маргарин на што се додава 2 лажици рум 200 гр ореви
Глазура
3 лажици шекер во 9 лажици врело млеко 4 лажици зејтин и 200 гр чоколада за готвење

Колач со мармелад

5 јајца се матат со 1 чашa (200gr) шекер,1/2 чаша зејтин,1 чаша млеко
Се додава 2,5 чаши брашно,1 пециво, 1 ванила
Се потпекува (само малку да потцрвени) пола од смесата.
Се вади и се мачка со мармелад.
Се посипува со другата половина од смесата и се допекува.

Крофни

На 1 кг брашно се додава 1 коцка стасан квасец 1/2 кг млеко,1/2 маргарин (или путер)
3 јајца, 100 гр шекер,малку сол,2 лажици рум
Се расукува кора, се вадат крофни со чаша и се пржат.
Ако сакаме со мармелад се расукуваат 2 исти кори,на првата се обележуваат кругови со чаша во кои се става по малку поцврст мармелад и врз таа кора се става другата.Со чаша се сечат крофни така што мармеладот останува внатре и се пржат во загреан зејтин

Раванија 2

6 јајца се матат па се додава 6 лажици шекер.Се исклучува миксерот кога се добро матени и со сеење се додава 6-8 лажици брашно мешајќи постепено.
Се истура во подмачкано тепсиче бр 24 и се пече на 180 25 мин
шербет од 500 гр шекер и пола литар вода

Раванија 1

2 јајца мати со 200 гр шекер и додај 200гр зејтин и 200 гр кисело млеко.Исклучи миксери додај мешајќи со лажица постепено
350 гр брашно измешано со 1 лажица какао,1 лажица цимет,1 прашок за пециво
На крај додај 50 гр толчени ореви
Печи во подмачкано со зејтин и попрскана со брашно тепсија
кога це се излади се потура со шербет што се добива кога ќе зоврие пола литар вода со 500 гр шекер

Торта Катерина

I дел- (2 пати)
4 јајца се матат со 4 лажици шекер и се додава 4 лажици мелени ореви и 2 лажици мелени бисквити
Се пече 15 мин на 180
II дел
5 белки се матат со 5 лажици шекер
се додава 3 лажици брашно,1 чаша сецкани ореви и 1 чаша сецкано суво грозје и се пече
Фил:

1/2l млеко зоврива и во него се додава мешајќи постепено смеса од изматени

 5 жолчки,5 лажици шекер,5 лажици густин (или брашно или пудинг чоколаден) и малку ладно млеко и се меша да се згусне.

Пред крај се додаваат 2 лажици путер и една табла чоколада и се меша да се изедначи.

Потоа се ренда од горе чоколада.

II варијанта за фил:
5 жолчки мати со 10 лажици шекер во прав на пареа и додај 250 гр матен путер и 1 табла топена чоколада
Се вари пудинг од чоколада(1 чаша млеко за 1 пак пудинг) и кога ке се олади се меша со филот
потоа се филува и од горе се ренда чоколада.

Торта мрсна

4 јајца
4 филџани шекер (од кафе, мали),
4 филџани зејтин,
4 филџани млеко,
7 филџани брашно измешано со 1пакетче прашок за пециво,
100 гр сецкани ореви ,
100 гр миено суво грозје и
1 пакетче ванилин шекер.
Кога се истура во тепсијата може да се остави еден дел,да се помеша со едно лажиче какао и да се прошара тортата.
Се пече на 180 степени во тепсија бр 32 , подмачкана и попрскана со брашно или на хартија за печење,околу 25мин.

Колач брз

Се матат 2 јајца со 1 чаша(за млеко)шекер,1 чаша млеко 1 чаша зејтин,2 чаши брашноизмешани со 1 прашок за пециво

Колач со вишни

4 јајца се матат со
1 чаша од 200 гр шекер.Потоа се додава матејќи
1 чаша зејтин и
1 чаша јогурт.
Се исклучува миксерот и се додаваат
3 чаши брашно со 1 пециво и се меша (ако треба кратко со миксер).

Се става пола од смесата во тепсија бр 28 обложена со хартија за печење и се потпекува сосема малку да порумени.

Се вади ор рерна се реди овошје вишни или капини или цреши или кајсии или рендани јаболка. Може да се стават  смрзнати вишни или кајсии.
Се посипува другиот дел и се допекува.
Може да се посипе со шекер во прав кога ќе биде готово.

Колач со сецкани јаболка

6 лупени и на коцки сечени јаболка
-4 јајца
-3 филџани зејтин
-4 филџани шекер
-5 филџани брашно
-1 прашок за пециво
-суво грозје
Се матат јајцата , се додава шекерот ,зејтинот
Се додава брашното јаболката сувото грозје
Се подмачкува тепсија бр 28 и се попрскува со брашно
Се истура смесата и се пече на 180 околу 40 мин

Колачи Кокосов орев

-500 гр смокви
-100 гр какао
100 гр чоколада
150 гр ореви(цели јатки)
300гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
125 гр путер
-Смоквите се ставаат во топла вода да омекнат ,а потоа се отвораат и се полнат со цели јатки оревиСе прави фил од 3 филџани млака вода+200 гр шекер и се става да зоврие па се додава 300 гр мелени бисквити + 100 гр мелени ореви + 125 гр путер
Од филот се прават топчиња кои се расплескуваат во рака врз нив се ставаат смоквите и се затвора.
Се валкаат во кокос и се сечат на половина