1/2 кг брашно,
1 филџан гриз,
2 лажици какао,
1 чаша шекер,
3 филџани сецкани или мелени ореви ,
1 прашок за пециво,
2 филџани масло,
3 филџани топла вода,
1/2 свеж квасец,
Се прави меко тесто и дели на 4-5 дела.
Се сучат еден по еден деловите,се мачкаат со џем од сливи и се виткаат ролати кои се ставаат на плех од шпорет обложен со хартија за печење.Се сечат во плехот и се печат на 180 степени 20-30 мин.
Печени може да се валкаат во шербет од 1 чаша вода и една чаша шекер.