петак, 23. јул 2010.

Ролат од кокос

Бел фил:

Се мати 1 маргарин со 250 гр шекер во прав и се додава 200 гр кокос.

Црн фил:

Врие 5 мин 300 гр шекер и 300 гр млеко.

Се трга од оган и се додава 100 гр чоколадо за готвење
500 гр мелени бисквити и 1 чаша мелени ореви.

Се расукува на фолија црниот фил
врз него белиот фил и се витка во ролат.

Торта Амбасадор

5 јајца се матат со 5 лажици шекер и се додава
7 лажици мелени ореви ,2 лажици брашно и малку прашок за пециво.
Се пече во округла тепсија бр 28 на 175 околу 25 мин.
Тестото се повторува 2 пати.

Фил:
1/4 кг путер се мати со 1/4 кг шекер во прав.

1/2 кг млеко се вари со претходно измешани
3 лажици шекер
3 лажици густин
3 пакетчиња ванилин

Кога ќе се олади се меша со путерот и се додава
1/2 кг сецкани желе бонбони.

Се мачка со фил,па во средина банани ,
па фил па кора и пак тенок фил и од горе шлаг.

Торта Банана

Се матат добро 7 јајца со 7 лажици шекер .
Се исклучува миксерот и се додаваат
2 лажици брашно и 6 лажици мелени ореви.
Се пече во подмачкан и со брашно попрскан плех од шпорет
(или обложен со хартија за печење).

Фил:
Се мати 1/4 путер со 1/4 шекер во прав.

Одделно се вари 1/4 млеко со пудинг од чоколадо.

Кога ќе се олади пудингот се меша со путерот.
Во една чаша се става сецкано суво грозје со
две лажици рум и стои да го впие румот.

Ова се меша со филот и се додаваат 3 лажици мелени ореви
и 2 ребра рендано чоколадо кора од лимон и се меша.

Се одделува малку од филот за да се премачка од горе тортата.

Се мачка тортата и се редат бананите по 3 во ред (1 кг банани).

Се свиткува во круг (како ролат) и се премачкува од горе со оставениот фил.

Најгоре се става снег од 3 белки со густ шербет од 9 лажици шекер.
Може шлаг место белки или хопла,за побезбедно.

Торта Васина

Се матат 5 белки со 5 лажици шекер и се додаваат една по една
5 жолчки и се мати малку.
Се исклучува миксерот и се додаваат 1 лажица брашно и
6 лажици мелени ореви.
Се пече 20 мин на 180 во подмачкана округла тепсија бр 28.
Фил 1:
Се матат 4 жолчки со 4 лажици шекер на пареа.

Одделно се става 1/8 кг млеко ,се додава малку шекер,
200 гр мелени ореви и се вари малку.

Откога ќе се олади се ставаат жолчките кора од лимон ,
3 штангли стопена чоколада и 150 гр путер.
Фил 2:
Од белките се прави снег и се додава густ шербет
од 250 гр шекер (по малку).
Може хопла или шлаг,за побезбедно.

Торта Реформ

Се матат 10 белки и се додаваат матејќи 10 лажици шекер (една по една)
Се исклучува миксерот и се додаваат 300 гр мелени ореви и 2 лажици брашно.
Се пече во подмачкан плех од шпорет или на хартија за печење.
Се сече на 3 ленти кои се филуваат и редат една врз друга, а од горе фил.

Фил:
Се мати 200 гр путер со со 2 лажици шекер во прав.
Посебно се матат 10 жолчки со 140 гр шекер (кристал) на пареа (тенџере во тенџере)
Кога ќе се олади се меша со путерот и се додава 100 гр стопена чоколада.

Колач Царски

Се матат 10 белки со 250 гр шекер и се додава
75 гр стопен маргарин,
100 гр брашно,
250 гр мелени ореви,
1 пециво и 1 ванила
Се потпекува на тивко околу 15 мин на 150 во плех 40х28
и кога е полупечено се премачкува со
10 жолчки изматени со 10 лажици шекер
и се пече на 150 скоро 1 час (т.е се суши).
Кога ќе се олади се филува со со фил од:
1 помал филџан млеко зоврива со 250 гр шекер
100 гр чоколадо,250 гр маргарин или путер,
250 гр ореви .
Од горе се посипува со мелени ореви.

недеља, 18. јул 2010.

Колачи Медењаци-Ана

Потребно е:

1 кг брашно
400 гр шекер, 4 лажици мед,
200 гр путер или маргарин,
4 јајца,1 пециво,1 ванила,
цимет,малку каранфилче мелено,
може и сецкани ореви (1 чаша)

Добро се матат путерот и шекерот ,
а потоа се додаваат останатите продукти и се меси.

Се развлекува кора и се вадат медењаци со модли.
Се печат во неподмачкана тепсија на 180 во претходно загреана рерна.