петак, 23. јул 2010.

Торта Банана

Се матат добро 7 јајца со 7 лажици шекер .
Се исклучува миксерот и се додаваат
2 лажици брашно и 6 лажици мелени ореви.
Се пече во подмачкан и со брашно попрскан плех од шпорет
(или обложен со хартија за печење).

Фил:
Се мати 1/4 путер со 1/4 шекер во прав.

Одделно се вари 1/4 млеко со пудинг од чоколадо.

Кога ќе се олади пудингот се меша со путерот.
Во една чаша се става сецкано суво грозје со
две лажици рум и стои да го впие румот.

Ова се меша со филот и се додаваат 3 лажици мелени ореви
и 2 ребра рендано чоколадо кора од лимон и се меша.

Се одделува малку од филот за да се премачка од горе тортата.

Се мачка тортата и се редат бананите по 3 во ред (1 кг банани).

Се свиткува во круг (како ролат) и се премачкува од горе со оставениот фил.

Најгоре се става снег од 3 белки со густ шербет од 9 лажици шекер.
Може шлаг место белки или хопла,за побезбедно.

Нема коментара:

Постави коментар