петак, 23. јул 2010.

Торта Реформ

Се матат 10 белки и се додаваат матејќи 10 лажици шекер (една по една)
Се исклучува миксерот и се додаваат 300 гр мелени ореви и 2 лажици брашно.
Се пече во подмачкан плех од шпорет или на хартија за печење.
Се сече на 3 ленти кои се филуваат и редат една врз друга, а од горе фил.

Фил:
Се мати 200 гр путер со со 2 лажици шекер во прав.
Посебно се матат 10 жолчки со 140 гр шекер (кристал) на пареа (тенџере во тенџере)
Кога ќе се олади се меша со путерот и се додава 100 гр стопена чоколада.

Нема коментара:

Постави коментар