недеља, 17. децембар 2017.

Колачиња со мед и цимет

Материјал:
300g брашно
120g кафеав шекер или мед (ќе треба 3 лажици мед)
250g путер
3 жолчки
125g мелени лешници
1 ванила,1 лажица цимет,
1/2 пециво
Се заедно се замесува и се остава  1 час во фрижидер.Потоа се расукува кора и  се прават форми.Се пече на 200 степени 10-13 мин на плех обложен со хартија.

Колач со тиква

2 јајца се матат со 250 гр шекер (посебно белки).
Се додава:
100 мл зејтин,
200 мл млеко,
350 гр брашно,
250 гр тиква (рендана или со сецко)
50 гр сецкани ореви,
1 кафена лажичка цимет,
1 пециво,1 ванила.
Се пече во плех бр 28 обложен со хартија на 180 степени 30 мин.
Може во подмачкан и попрскан со брашно плех.

субота, 14. октобар 2017.

Колач посен со рендани јаболка.

Се ставаат 2 чаши од 250 гр шекер ( може 1,5 чаша)
1 чаша зејтин
1 пакет цимет
1 лажиче сода бикарбона
6-7 големи и лупени и рендани јаболка,
(треба да стои 2 часа но не мора)
1 пециво и
2 чаши брашно.
Се меша и пече на тивко 1 час (< 200).
Се премачкува (топло) со мармелад од јаболка,
а може од сливи,кајсии или друго.
Од горе чоколаден прелив:
3-4 лажици вода
малку зејтин ( 1 лажица)
чоколадо ,малку какао и малку шекер.

Колачи со путер и чоколадни парчиња

75 гр маслац
100 гр смеѓ шекер
1 ванила
1 јајце
1/2 лажичка пециво
150 гр брашно
100 до 175 гр. ситно сецкано чоколадо

Маслацот се мати со шекерот со миксер.Се додава јајце па брашното со пециво и на крај чоколадните парчиња.

Со рака се прават топчиња колку орев и се редат во плех на хартија на растојание .
Печи 10-12 минути.
( меки се но ќе се стврднат кога ќе се оладат).