субота, 30. март 2024.

Посни колачи со модли

125 гр маргарин, 

100 мл зејтин, 

100 мл вода, 

1 прашок за пециво,

100 гр шекер, 

50 гр брашно, 

50 гр сусам и

500 гр брашно. 

Се замесува, се сучи кора и се вадат колачи со модли. 

Се печат на 160 степени 15 д0 20 мин.

Може да се валкаат во шекер во прав. 

среда, 14. фебруар 2024.

Ванилици

 250 гр свинска маст,

4 лажици шекер, 

2 ванилин шекер, 

Тоа се мати да побели и да стане пенасто. 

Се додава :

1 цело јајце,

1 жолчка и

1 лажица млеко.

Се мати уште 5 до 6 мин да се соедини маста. 

Потоа се додава 500 гр брашно и се меси тесто кое се става на работна површина и се развлекува прво со раце а потоа со сукало. 

Со чашка се вадат колачи кои се редат на плех со хартија. 

Се печат на 180 степени 10 мин. 

Се мачка едно со мармелад и се залепува со друго. 

Се валкаат со прав шекер. 

среда, 17. јануар 2024.

Распукани колачи

 200 гр темно чоколадо, 

1и1/4 шоља брашно,

1/2 лажица цимет,

1/2 лажица ѓумбир,

1 прашок за пециво, 

100 гр путер, 

2 лажици маџун, 

1 шоља кафеав шекер, 

1 ванилин, 

2 јајца,

 1/4 шоља млеко или јогурт, 

1/2 шоља шекер во прав. 

Чоколадото се топи врз пареа. 

Се меша брашното со зачините и пецивото.

Путерот се мати со маџун, шекер и ванила.

 Се додаваат јајцата, стопеното чоколадо и на крај брашното и млекото.

Во фрижидер да стои 1 час. 

2) Се вадат од фрижидер и се обликуваат топчиња кои се валкаат во прав шекер.

Се редат во плех  на растојание неколку см меѓу нив. 

Се печат на 175 степени 12 мин. 

уторак, 9. јануар 2024.

Колач со боровници

 3 јајца:Се матат прво белки да се добие пена, се додава 50 гр шекер и уште се мати да се добие цврст снег.

Потоа се додава 50-60 гр масло и жолчките и кратко се мати.

Со маталка:

Се става цело канче грчки јогурт и 30 мл млеко. 

Се става ванилин, 1/2 пециво и 200 гр брашно.

На крај се додава 1 мал пакет боровници и кора од 1 лимон.

Се пече на 200 степени со вентилатор околу 30 мин

во помал калап обложен со хартија за печење. 

субота, 6. јануар 2024.

Крем од жолчки

 Од 1/2 литар ладно млеко се вади малку и се меша со 4 жолчки, 4 лажици шекер и

4 лажици нишесте (или брашно).

Другото млеко се зоврива, се трга од оган и постепено мешајќи се додава смесата со жолчки, се враќа на оган и се меша да се згусне. 

Ако  пред крај се додадат 2 лажици путер, 2 штангли чоколада и се меша да се згусне може да се употреби за мачкање на падобранци или како фил за торта. 

Падобранци

 4 белки се матат тврдо на миксер.

Полека се додава 210 гр шекер, 210 гр мелени ореви (мешајќи полека со миксер), 

а потоа се додава 2 лажици брашно и се меша само со лажица.

Со лажиче се вадат пуслици и се ставаат на хартија. 

(Хартијата може да се подмачка така што ќе се залепи на подмачкана тепсија и  да се  сврти).

Се пече на 120 степени 35 мин и се вади. 

4 жолчки со 4 лажици шекер се меша со миксер засебно  (добро е на пареа).

2 лажици млеко, 2 штангли чоколада, 2 лажичиња путер на тивок оган се мешаат додека не се згуснат како еурокрем. 

Се лади и се додаваат жолчките. 

Со тоа се лепат по 2 од пуслиците.

Место овој фил може да се употреби крем од жолчки опишан во соседниот рецепт.