субота, 6. јануар 2024.

Падобранци

 4 белки се матат тврдо на миксер.

Полека се додава 210 гр шекер, 210 гр мелени ореви (мешајќи полека со миксер), 

а потоа се додава 2 лажици брашно и се меша само со лажица.

Со лажиче се вадат пуслици и се ставаат на хартија. 

(Хартијата може да се подмачка така што ќе се залепи на подмачкана тепсија и  да се  сврти).

Се пече на 120 степени 35 мин и се вади. 

4 жолчки со 4 лажици шекер се меша со миксер засебно  (добро е на пареа).

2 лажици млеко, 2 штангли чоколада, 2 лажичиња путер на тивок оган се мешаат додека не се згуснат како еурокрем. 

Се лади и се додаваат жолчките. 

Со тоа се лепат по 2 од пуслиците.

Место овој фил може да се употреби крем од жолчки опишан во соседниот рецепт. 

Нема коментара:

Постави коментар