Околу 1 кг свинско месо на парчиња стави во тенжере со малку зејтин и динстај околу 1 час на средна температура со повремено мешање.
Извади го месото во чинија и во тенжерето каде што се динсташе месото додај ситно исецкана кисела зелка (може да се сецка во сецко) , пржи ја малку да го намали волуменот и додај зачини по желба.
Потоа во длабокиот плех од шпорет сипи половина од зелката ,стави го месото врз неа и најгоре другата половина од зелката.
Стави го плехот во загреана рерна на 200 степени и покри го со плиткиот плех.
Печи 1 час на 200 степени.

Нема коментара:
Постави коментар