петак, 15. јануар 2021.

Баклава од Ирена

500 гр кори,

Материјал:

200 гр мелени ореви ,

100 гр  мелени лешници,

100 гр мелени бадеми,

4 лажици шекер,

 4 лажици гриз,

2 ванили,

125 гр путер,

125 ml зејтин,

сок и кора од 1/2 портокал,

Материјалот се меша. 

Путерот се топи со зејтинот.

Се прскаат по две кори и се става од филот ,а потоа се виткаат ролати.Се сече и се пече.Ако остане од путерот од  горе се потураат корите.

Се потура со топол шербет ладната баклава.

Шербет:

250 мл вода,400 гр шекер,1/2 сок и кора од портокал,1 ванила и 2 лажици мед.Шекерот зоврива со вода.



1 коментар:

  1. Оревите,бадемите и лешниците ги мелев во блендер (сецко).Не ставив кора од портокал и може помалку путер за прскање на корите.За шербет ставив 1,5 чаша шекер и 3 чаши 0д 250 мл вода.Ја печев на 150 1/2 час и малку да зацрвени на 200 степени.За поубаво виткање употребив дебела игла за плетење.
    Беше многу убава и вкусна.

    ОдговориИзбриши