уторак, 30. април 2019.

Колачи Визитарки

Потребно е:
1/2 кг брашно,
1 филџан гриз,
3 филџани сецкани ореви,
1 прашок за пециво,
1 ванила,
2 филџани шекер,
2 филџани масло,
3 филџани топла вода,
1/2 квасец и
1 лажица какао .
Се зема еден филџан од водата и му се додава квасец,1 лажица шекер и 1 лажица брашно и се остава да надојде.
Се мешаат сувите состојки (освен какаото) во вангла и се додаваат квасецот,2 филџани топла вода и 2 филџани масло и се замесува помеко тесто.
Се дели на два дела и во едниот се додава какаото,а во другиот1 лажица брашно.
Се прават две кори , се ставаат една врз друга и се расукуваат во една поголема правоаголна кора.
Се витка ролат,се сечат парчиња и се редат во подмачкана тепсија со пресечениот дел горе.
Се печат на 170 степени 20 минути.


1 коментар: