недеља, 28. април 2019.

Кифли

Потребно е:
1 кг брашно,
1 свеж квасец,
12 лажици зејтин,
1 јајце,
1 лажица сол,
1 лажица шекер,
сусам и путер.
Во пола чаша млако млеко се става 1 издробен свеж квасец,1 лажица шекер ,1 лажица брашно и се остава да надојде (да се наполни чашата).

За тоа време во вангла се просејува 1 кг брашно на кое се додава 1 лажица сол ,1 јајце и 12 лажици зејтин.
Кога ќе стаса квасецот се додава кај брашното ,а потоа се додава околу 1/2 кг млако млеко и се замесува средно тесто .За полесно месење кога ќе се формира топка од состојките се удира околу 50 пати ,се формира како топка и се покрива со куњска крпа па со кебенце  и се чека да нарасте двојно.
За тоа време се кршат 2 јајца од кои се вади 1 жолчка која се остава во шољичка и со која ќе се премачкаат кифлите пред печење,а во останатите јајца се додава дробено сирење со кое се филуваат кифлите.
Кога ќе надојде тестото се дели на околу 40 парчиња од кои се прават топчиња ,кои се расукуваат колку тацна и на кои се става по 1/2 лажица фил , се завиткуваат и се ставаат во тепсија подмачкана со зејтин или обложена со хартија за печење.
Се премачкуваат со жолчка , се попрскуваат со сусам и врз секоја се става по мало парче путер.
Се печат на 200 степени околу 20 минути.

Нема коментара:

Постави коментар