петак, 19. март 2021.

Колач со крем

 Материјал:

6 белки,

150 гр шекер,

150 гр путер,

150 гр брашно,

150 гр мелени ореви.

 

6 белки се матат со 3 лажици шекер во цврст снег.

 Во друг сад се мати 150 гр маслац со 3 лажици шекер до светла пенаста маса,а потоа тука се додава 150 гр брашно (со сеење) и 150 гр мелени ореви  и 1/3 од снегот од белки мешајќи со миксер на најмала брзина.

Се исклучува миксерот и постепено се додаваат останатите белки мешајќи со шпатула ,да се изедначи .

Потоа се става во  подмачкана со путер тава (30x20) и се пече 15 мин на 180 степени.

Се попрскува со малку шербет или рум и се премачкува со крем.

Крем:

Во едно тенџере се мешаат 6 жолчки,6 лажици шекер,6 лажици брашно,2 кесички ванилин и 100 мл ладно млеко.

Во тоа се додава 600 мл врело млеко и се меша да се згусне.

Прелив:

3 лажици шекер,50 гр путер (или 3 лажици зејтин) ,6 лажици млеко и 100 гр чоколада се топат и се прелива преку кремот кога е оладен.


Нема коментара:

Постави коментар