петак, 19. март 2021.

Колач со овошје и потпечени белки

Материјал:

5 јајца,150 гр маргарин (или путер),5 лажици брашно,10 лажици шекер,1/2 пециво,5 лажици млеко,500 гр очистено овошје (јагоди,вишни,цреши,кајсии,малини,капини) и едно пакетче ванилин шекер.

Се матат жолчките со маргаринот и 5 лажици шекер,а потоа се додава брашно со прашок за пециво и млеко.

Се меша добро и се става во плех во загреана печка и се пече околу 15 мин на 180 степени.

Кога е печен од горе се реди овошје (може  смрзнато),а над него цврсто улупан снег од белките со 5 лажици шекер и еден ванилин и се запекува до 10 мин во печка.

Нема коментара:

Постави коментар