среда, 7. јануар 2026.

Компир манжа

Во тенжере со малку зејтин динстај кромид со свинско месо околу 1 час.

Додека се динста месото измиј,излупи и исецкај компири кои треба да ги ставиш во вода за да не потемнат.

Во сецко исецкај 2 моркови,мало парче целер и пашканат.

Додај ги морковите кај месото и пржи уште малку .

Додај црвен пипер 1 лажиче и додај ги компирите со водата.

Додај и други зачини по желба (сол,бибер,вегета, 2-3 ловорови листови,ким) и вари додека омекнат компирите.

Пред крај додај околу 150 гр кечап. 

Подварок со свинско

Околу 1 кг свинско месо на парчиња стави во тенжере со малку зејтин и динстај околу 1 час на средна температура со повремено мешање.

Извади го месото во чинија и во тенжерето каде што се динсташе месото додај ситно исецкана кисела зелка (може да се сецка во сецко) , пржи ја малку да го намали волуменот и додај зачини по желба.

Потоа во длабокиот плех од шпорет сипи  половина од зелката ,стави го месото врз неа и најгоре другата половина од зелката.

Стави го плехот во загреана рерна на 200 степени  и покри го со плиткиот плех.

Печи 1 час на 200 степени. 

ПЕЧЕНО МЕСО

Околу 2 кг свинско месо премачкај го со сол,бибер и зејтин од вечер и стави го во пекач во фрижидер. 

Другиот ден додај во пекачот кај месото 1 чаша бело вино и 1 чаша вода. 

Печи на 200 степени 2 часа,а потоа извади го пекачот,сврти го месото и печи уште 1 час на 180 степени.

Вака се добива убаво меко печење. 

среда, 9. април 2025.

ТОРТА СО РОЗЕН КОРИ (ЧОКОЛАДНА)

1 пакување розен кори

1 л млеко

1 пудинг со вкус на лешник

2 пудинзи со вкус на чоколадо

3 лажици густин

7 лажици шекер

125 гр путер несолен

200 гр чоколадо со лешник

50 гр црно чоколадо за готвење

Глазура

20 гр путер

100 гр чоколадо

Во касерола се става 800 мл млеко и 7 лажици шекер на тивко да се загрева.

Со 200 мл ладно млеко се мешаат 2 пудинзи од чоколадо,еден пудинг од лешник и 3 лажици густин.

Во танок млаз се тура во загреаното млеко и се вари до згуснување.

Додека е топло се додаваат 200 гр чоколадо со лешник и 50 гр црно чоколадо за готвење и се измешува.

Се покрива касеролата со проѕирна фолија да не фати коричка и се лади.

Се мати 125 гр несолен путер и се додава во изладениот фил.

Се зема 1 кора ,се става 2 до 3 полни лажици фил и убаво се нанесува.

Постапката се повторува со сите розен кори освен последната.

Се става последната без фил.

Кога е готова се покрива со проѕирна фолија и се става некој тежок предмет да стои 15 минути.

Потоа се става во фрижидер да се лади.

Пред сервирање се нанесува чоколадна глазура од 20 гр путер и 100 гр чоколадо.

Се сечи на штангли и се сервира.Излегуваат 65 до 70 штангли.

субота, 30. март 2024.

Посни колачи со модли

125 гр маргарин, 

100 мл зејтин, 

100 мл вода, 

1 прашок за пециво,

100 гр шекер, 

50 гр брашно, 

50 гр сусам и

500 гр брашно. 

Се замесува, се сучи кора и се вадат колачи со модли. 

Се печат на 160 степени 15 д0 20 мин.

Може да се валкаат во шекер во прав. 

среда, 14. фебруар 2024.

Ванилици

 250 гр свинска маст,

4 лажици шекер, 

2 ванилин шекер, 

Тоа се мати да побели и да стане пенасто. 

Се додава :

1 цело јајце,

1 жолчка и

1 лажица млеко.

Се мати уште 5 до 6 мин да се соедини маста. 

Потоа се додава 500 гр брашно и се меси тесто кое се става на работна површина и се развлекува прво со раце а потоа со сукало. 

Со чашка се вадат колачи кои се редат на плех со хартија. 

Се печат на 180 степени 10 мин. 

Се мачка едно со мармелад и се залепува со друго. 

Се валкаат со прав шекер. 

среда, 17. јануар 2024.

Распукани колачи

 200 гр темно чоколадо, 

1и1/4 шоља брашно,

1/2 лажица цимет,

1/2 лажица ѓумбир,

1 прашок за пециво, 

100 гр путер, 

2 лажици маџун, 

1 шоља кафеав шекер, 

1 ванилин, 

2 јајца,

 1/4 шоља млеко или јогурт, 

1/2 шоља шекер во прав. 

Чоколадото се топи врз пареа. 

Се меша брашното со зачините и пецивото.

Путерот се мати со маџун, шекер и ванила.

 Се додаваат јајцата, стопеното чоколадо и на крај брашното и млекото.

Во фрижидер да стои 1 час. 

2) Се вадат од фрижидер и се обликуваат топчиња кои се валкаат во прав шекер.

Се редат во плех  на растојание неколку см меѓу нив. 

Се печат на 175 степени 12 мин.