петак, 6. август 2010.

Милиброд

1 кг брашно,
2 јајца,(1 жолчка се остава за мачкање на ролатите)
1  чаша млеко,
1 филџан   зејтин,
1 помала чаша шекер,
1 надојден квасец ,
 (ставен во млако млеко,1 лажица брашно и 1 лажица шекер)
70 гр. омекнат  путер,
1 ванила и кора од лимон.

1/2 тегла мармелад и суво грозје за мачкање на ролатите.

Се меси тесто и кога ќе се одделува од ванглата се удира 50 пати.
Стасува два пати и се прават 4 ролати кои  се мачкаат со мармелад и
се попрскуваат со суво грозје ,
се завиткуваат во ролати кои се премачкуваат со жолчка ,
се редат во подмачкан плех од шпорет и
 се печат околу 1/2 час , 25 мин, прво  на 200 степени а покасно ,кога ќе се зацрвенат на 180 .
Може врз мармеладот да се стават мелени или сецкани ореви .

Нема коментара:

Постави коментар